Алаџајков: Сите имаме право на чист воздух

Од:

Пред почетокот на денешната седницата на Советот на општина Центар, советничката група на СДСМ и коалицијата го искажа својот револт и осуда за вандалскиот чин со сечењето на дрвјата во универзитетскиот кампус.

„Како секогаш досега, оваа власт ноќе уништува, а дење глуми дека гради, па така во време на викенд во 2 часот и 30 минути по полноќ, властите се дрзнаа и навлегувајќи во автономијата на универзитетот, исекоа 47 дрва“, рече советникот и координатор на советничката група на СДСМ и коалицијата, Игор Алаџајков.

Иронијата да биде поголема, додаде Алаџајков, тој ден се одработуваше „Денот на дрвото“ додаде Алаџајков и веднаш беше организирана контра-акција за садење не на дрва, туку на грмушки.

„Па дури и да засадевте дрва, знаете ли колку години му е потребно на едно дрво за да порасне. Забеганоста на власта оди дотаму што ова го направи во деновите кога Скопје е рекордер во загаденост во светот. Страшно е што власта мора да го дише овој ист воздух и да ги труе, освен нас сите – и своите деца“, доврши Алаџајков.

Оттука, советничката група на СДСМ и коалицијата бара од надлежните да го сопрат ова лудило и наместо смешните потези со прскање на улиците, да ги преземат вистинските чекори, бидејќи сите ние имаме право на чист воздух.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар