(ВИДЕО) Алаџајков: Се покажа која е целта со процесот против Шиповиќ

Од:

Советничката група на СДСМ од Советот на Општина Центарна прес конференција на која недостасуваше Мирослав Шиповиќ, најави дека ќе се спротивстави на дивеењето на урбаната мафија, како што рекоа, предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

„Се покажа дека процесот против Шиповиќ бил со единствена цел, насилно преземање на советот и на власта во Општина Центар. Се потврди дека Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се подготвени на се, кога се во прашање нивните милионски бизниси“, рече Игор Алаџајков координатор на советничката група на СДСМ и коалициските партнери.

Според него насилието на ВМРО-ДПМНЕ ќе резултира со усвојување на противзаконски планови.

„Тие на ВМРО-ДПМНЕ ќе им донесат бизниси од 630 милиони евра на сметка на животот и здравјето на скопјани. На спорната парцела на Водно само за да ги задоволат своите бизнис апетити ќе градат 10-катница. Иако за истата таа парцела постои документ од Институтот за земјотресно инженерство дека е ризична град и од само еден кат“, рече Алаџајков, потенцирајќи дека за ова одговорноста ќе биде на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски