Алачки: Јас не ја избрав Интегра, тие ме избраа мене за градоначалник на Берово

Од:

Хармоникашот Горан Алачки го прифатил предлогот на Интегра да биде кандидат за градоначалник на Берово оти смета дека може да го направи светска туристичка дестинација. За „А1он“ вели дека не е член на ниту една партија, но се согласил да биде независен, натпартиски кандидат, кој ќе го поддржи Интегра.

„Јас не ја избрав Интегра, партијата ме избра мене. Имаа сенс и ме поддржаа како независен кандидат. Јас не сум член на ниту една партија и можам да гарантирам дека тоа ќе остане така и во иднина. Сум имал досега многу понуди, но не сум ги прифаќал. Во Владимирово живеам веќе втора година, овде народот е многу разединет, едни се лево ориентирани другите десно. Треба трета опција, некој што ќе им помогне да си пружат рака, да престанат да се сопнуваат едни со други. Јас ќе работам за Берово, со потенцијалот што го има, да го направам светска туристичка дестинација. Ќе ги искористам сите мои контакти, музичари, политичари од светот да дојдат тука. Главна обврска на еден градоначалник, татко на градот, е да биде добар менаџер, да донесе инвестиции“, вели Алачки за „А1он“.

Во неговиот фокус вели дека ќе бидат културата и уметноста за кои смета дека Малешевијата има огромен потенцијал. Тој во Владимирово веќе гради културен центар во кој вели дека луѓето од целиот свет ќе можат да дојадат на едукативен туризам, да научат изворно за македонската традиционална музика и да уживаат во храната и гостопримството на Малешевијата.

Добил голема поддршка за кандидатурата од беровчани, па очекува добар резултат и на изборите.

„Аплаузот во музиката е како гласовите во политиката. Ќе го чуеме на крајот. До тогаш секој со својот бекграунд и умешност“, рече Алачки.
Македонската конзервативна партија Интегра веќе извести дека го поддржале Алачки за градоначалник во Берово оти сметаат дека енергијата што ја има треба да се изнесе на јавна сцена.

Би можело да ве интересира

ДИК одлучува по приговори од вториот круг на изборите за градоначалник на Дебар

Ана Ололовска

Избори за градоначалник на Дебар: Дука од ДУИ – 4.291 глас, Поцеста од АА/А – 4.153

А1он

Хекуран Дука го победи Беким Поцеста во Дебар за 138 гласа

Катерина Ѓуровски

Дука прогласи победа во Дебар

Ана Ололовска

Во Дебар затворени гласачките места

Ана Ололовска

Во Дебар се зголемува излезноста на гласачите

Ана Ололовска