АЛ-МАКС ги демантира обвинувањата од СДСМ

Од:

Компанијата „АЛ-МАКС“, сопственост на семејството Пишеви го доби тендерот на Јавното претпријатие „Комуналец“ во Струмица за достава на масло за јадење, како фирма што понудила најдобри услови на пазарот. Ова е посочено во писмената реакција на компанијата на вчерашната реакција на СДСМ во која е наведено дека изминативе години повеќе од 30 фирми блиски на ВМРО-ДПМНЕ добиле тендери во општина Струмица, во вредност од над 30 милиони евра.

Во периодот кога фирмата го добила тендерот, како што е наведено, Васил Пишев не бил пратеник, ниту кандидат за градоначалник.

– Фирмата „АЛ-МАКС“ продава масло за јадење и на компании кои се сопственост на фамилијата Заеви. Во последните 30 дена фирмата „Тргопродукт“ од „АЛ-МАКС“ набавила 25.000 литри масло за јадење и тоа поради високиот квалитет на маслото за јадење поволната цена, се вели во соопштението.

Според компанијата, не постои капитално поврзување меѓу „АЛ-МАКС“ и фирмите на семејството Заеви.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?