Активности за одбележување на Интернационалнот ден на млади

Од:

„Младите и менталното здравје“, е темата со која Здружението на граѓани „Младите можат“ оваа година ќе го одбележат 12 Август –  Интернационалнот ден на млади.

Членови на здружението во соработка со „Центарот за јога и личен развој“ во вторник ќе организираат тричасовен настан од 17 до 20 часот во Градскиот парк кај Школка. Настанот ќе биде посветен на надминување на психичките состојби со кои младите денес се соочуваат, но на кои од различни причини не им се дава доволно важност.

– Главна цел на настанот е да се увиди важноста на водење ментална хигиена, како и да се одбележи денот преку час по јога, за кој на посетителите ќе им биде потребна подлога за вежбање. Ќе следи отворена дискусија на темата и креативна работилница „Изрази се, искажи се“, информираат од здружението.

Инаку, 12 Август е прогласен за Интернационалниот ден на младиte од страна на Обединети нации во 1999, а прв пат е одбележан во 2000 година. Целта е да се подигне свеста и да се даде значење на проблемите со кои се сочуваат младите денес.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош