Активни пожарите кај Дренак, Старо Нагоричане и Мургаш, кумановско, изгаснат кај Кокински Дол

Од:

На подрачјето на општина Старо Нагоричане останува активен пожарот кај Дренак, на тешко пристапен терен информираше денеска командирот на противпожарната единица, Далибор Трајковски. Таму како што информираат од РЦУК Куманово дејствуваат и пожарникарите, вработени од шумско стопанство кои сè уште се на терен. Надлежните очекуваат пожарот во планинскиот дел да се гаси со поддршка на хеликоптери.

Од РЦУК Куманово информираа дека пожарот од Кокински дол кон Арбанашко, целосно е изгаснат во попладневните часови, со поддршка на Армијата, полицијата, припадниците на ДЗСИ, шумско стопанство и со хеликоптери.Дел од ангажираните на овој пожар, вчера се упатиле и кон село Дренак за поддршка во гасењето.

Во Куманово активен е пожарот кај Липец, кај Мургаш информираше денеска командирот на територијалната противпожарна единица Куманово, Дејан Илиевски. И во моментов интервенираат пожарникарите.

– Станува збор за отворен простор, пожарот е под контрола-изјави Илиевски.

Вчера пожари имало во Пуковско, Пезово, Бељаковце, Јачинце и Опае.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Голем пожар во близина на Брчко, тешко повредени се осум работници

Нападната е жена во старски дом во Куманово – заврши во болница

А1он

Мртва жена е пронајдена во запалена куќа во Скопје

Пожар од плинска боца во објект во Трговскиот центар во Кочани

А1он

(ВИДЕО) Огнена стихија во театар во Нeапол – има повредени