Активни два големи пожара во Прилепско, на помош припадници на Армијата

Од:

Два големи пожара се активни во Прилепско. Едниот е раширен на потегот Топлица-Ракле-Никодин е активен веќе три дена, а од синоќа избувна шумски пожар кај Смолани. Зафатена е нискостеблеста шума, а постои опасност пламените јазици да ја зафатат блиската борова шума.

Од изутрината на помош на пожарникарите и на вработените во шумското претпријатие се и 30 припадници на Армијата. Тоа е со одлуката на прилепскиот Кризен штаб по синоќешниот вонреден состанок.

Според најновите информации од командирот на прилепската Противпожарна единица Виктор Стојчески, локализиран е најнискиот дел од кракот на пожарот на потегот Топлица, во близина на магистралниот пат Прилеп-Градско и наскоро треба да биде целосно изгаснат.

– Пламените јазици се во високиот, тешко пристапен дел кај Ракле. Имаме 15 пожарникари на теренот, тука се вработените од шумското претпријатие како и припадниците на Армијата, а дел пративме на помош да бидат кај новоизбувнатиот пожар кај Смолани, објаснува Стојчески.

Изгаснат е пожарот кој од 2 август беше активен кај Канатларци и Подмол. Кризниот штаб побара да бидат подготвени јавните комунални претпријатија кои, доколку се укаже потреба, ќе бидат активирани како помош во гаснењето на пожарите.

Би можело да ве интересира

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Голем пожар во близина на Брчко, тешко повредени се осум работници

Мртва жена е пронајдена во запалена куќа во Скопје