Активни 6.191 ковид-случаи, од кои најголем број 3177 се во Скопје

Од:

Бројот на активни ковид случаи во земјава изнесува 6.191 од кои најголем број 3177 се во Скопје. Во Куманово има 433 активни случаи, во Велес 316, во Прилеп 243, во Битола 207, во Кавадарци 196, во Штип 191, во Охрид 183, во Кочани 166…

Според вчера објавените податоци од Институтот за јавно здравје за изминати 24 часа, при направени 3.622 тестирањe, регистрирани се 511 нови случаи со Ковид-19, 10 починати и 497 оздравени пациенти.

– Во период од 15 до 21 октомври починале 124 пациенти со Ковид 19, од кои над 78 отсто биле невакцинирани. Од вкупно починатите пациенти во овој период 97 пациенти починати со ковид биле невакцинирани, а само 27 од починатите примиле вакцина и ревакцина, соопшти Министерството за здравство.

Еден пациент бил вакциниран со „Фајзер“, двајца со „Астра Зенека“, шест со „Синовак“, а 16 примиле вакцина од производителот „Синофарм“. Двајца од заболените кои починале биле вакцинирани со вакцината „Спутник В“.

Во текот на завчерашниот ден аплицирани се вкупно 7.739 дози вакцини. Согласно податоците од Министерството за здравство, од вкупниот број аплицирани вакцини завчера, 748 се вакцинирани со прва доза, ревакцинирани се 1 629, а трета доза примиле 5 362 граѓани.

– Заклучно со 25 октомври вкупно се вакцинирани 801 988 граѓани, ревакцинирани се 771 165, а трета доза примиле 15 851 граѓанин. Педесет и четири проценти од граѓаните над 40 – годишна возраст се ревакцинирани, а 33 проценти од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина, информира Министерството за здравство.

Една доза вакцина примиле 57 проценти од полнолетната популација во земјава, додека со две дози опфатени се 46 отсто од граѓаните над 18 години. Податоците покажуваат дека 38 проценти од целата популација е вакцинирана барем со една доза, а 35 отсто се целосно вакцинирани.

Досега во земјава се направени вкупно 1.369.624 тестирања на Ковид-19. Вкупниот број Ковид-дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 200.412, бројот на оздравени пациенти е 187.149, а на починати е 7.072.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска