Активистите од „Го сакам Водно“ му дадоа новогодишно пакетче на Шилегов

Од:

Граѓанската иницијатива „Го сакам Водно“ оставија новогодишно пакетче во Град Скопје за градоначалникот Петре Шилегов со слатки подароци прикачени за секое од барањата за Водно.

„Се надеваме дека пакетчето со нашите барања ќе претставува вистински предизвик за градоначалникот и дека во 2019 покрај слух ќе има и реална соработка со граѓанскиот сектор за нивно оставрување. Барањата се конкретни, бараат вложувања на време, пари и човечки ресурси, но бенефитите од нив сметаме дека се конечни и далекусежни“, велат од граѓанската иницијатива.

Во писмото со барањата до Шилегов тие изразуваат незадоволство од бројните нерегуларности во врска со Водно и изградбата на гасоводот како и очекување дека набрзо како приоритет ќе биде донесен законот за Водно.

„Незадоволни од бројните нерегуларности кои го следат функционирањето на нашата парк-шума Водно, нејзиниот нерешен статус и децениски насобраните проблеми, од вас како градски татко на надлежната институција и како човек кој знае кое е значењето на Водно за скопјани, бараме трајно решавање и заштита на парк-шумата, со адекватни активности во неа. Очекуваме да ги прифатите барањата и предизвикот на нивно спроведување и во најкраток рок да го донесете како приоритет број 1 законот за Водно во форма на Lex specialis ‘за да го дефинираме еднаш за секогаш не чекајќи дали и кога ќе се класификува, ревалоризира’“, се вели во писмото.

Во однос на прифаќањето гасоводната траса да минува низ Водно, активистите уште еднаш гласно порачуваат дека ќе продолжат да се борат со сите расположиви средства.

„Ниту еден момент не дадовте издржан одговор зошто го сменивте ставот, а напротив, максимално издржано претходно објаснивте зошто сте против тоа. Се надеваме дека во наредната година ќе успеете да увидите дека бенефитот на нашиот град треба да биде ваша основна водилка, а никако прифаќање на компромиси од било каков тип, вклуќувајќи ги и економските бенефити“, стои во писмото.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: На Скопје не му требаат луѓе кои допрва ќе се учат што е локална самоуправа

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Одрон на автопатот Скопје – Велес и две сообраќајки

Катерина Ѓуровски

Ѓорѓиевски: Скопје, за жал, веќе подолг период е претворено во една голема депонија

Во Скопје 474.304 граѓани со право на глас ќе избираат помеѓу 16 кандидати за градоначалник и 19 листи за советници

Ѓорѓиевски: Скопје ќе стане првиот целосно – paper free град во државата, дигитален, модерен и транспарентен