Активистите обвинуваат: Владата не држи во мрак, ЦБД сортите од канабис не се дрога

Од:

Сортата на канабис ЦБД од минатата година официјално според Комисијата за наркотични средства на Обединетите нации како и Светската здравствена организација не е во листата на дроги, но според новата листа на класификација кај нас, таа не фигурира никаде. Листата која излезе во Службен весник на 10. Мај е верификувана од Министерството за здравство и Министерството за правда.

Активистите за легализација на канабисот на кои Владата им вети јавна дебата за измените на Законот за употреба на канабисот, обвинуваат дека оваа нова листа на класификација која како што е наведено е усогласување со меѓународните листи, на перфиден начин е иземена сортата ЦБД за да се продолжи и натаму тргување со оваа сорта и профит на поединци.

Според Филип Достовски од Здружението на граѓани „Зелена алтернатива“ со самото тоа што сортата ЦБД воопшто не е спомната во нашите листи на класификација на опојни супстанци, таа е во слободна употреба но јавноста не е упатена па и натаму стравува да ја употребува.

„СЗО и Обединетите Нации лани сортата од канабис ЦБД ја симнаа од листата на дроги и таа насекаде во светот е легална за употреба и нема потреба да биде граничен производ и може да ја увезува кој сака. Но, доколку ова биде јасно, пациентите и воопшто корисниците нема да мораат да ја плаќаат по цена која е најмалку 500 проценти повисока и ја држат двајца локални шерифи, вели Достовски.

Тој потенцира дека и садењето на ЦБД сортите не е кривично дело а секаде во Европа поседувањето на семки од ТХЦ сорти не е ниту прекршочно ниту кривично дело.

Во врска со новата листа на класификација на супстанците, како и до каде се измените на Законот за легализација, став побаравме и од Владата, но од таму нема одговор.

Премиерот Зоран Заев во неколку наврати спомена дека откако ќе се дозволи извоз на цвет од канабис за медицински цели со измени на Законот за контрола на опојни дроги, во земјата ќе почне широка дебата за целосна легализација на канабисот.

Тој најави дека до јуни годинава се очекува да биде отворена дебатата, по што процесот ќе оди во Собрание и очекува идната година да се отвори дебата за декриминализација и за целосна легализација на канабисот.

„Не е во ред некој да оди во затвор затоа што користел половина грам природен канабис за лична употреба, во време кога веќе насекаде низ светот оваа билка станува легална и за медицинска и за економска дејност“, изјави премиерот Заев, на една од презентациите за тоа колкав би бил бенефитот од производството на кабанис, и од економска, но и од медицинска гледна точка.

Очекуваниот бенефит според него беше дека по измените на Законот може да се очекуваат над 250 милиони евра приходи од производство на канабис за медицински цели.

„Во 2021 планираме и да ја прошириме листата на дијагнози за кои е дозволено лечење со медицински канабис и да обезбедиме декриминализација и депенализација на канабисот за мали количества за лична употреба“, изјави лани Заев.

Искуствата на државите како Канада, Чешка, Холандија покажуваат дека заработуваат 55 милијарди долари годишно од оваа дејност. Досега во Северна Македонија има 59 лиценци за оваа дејност.

Би можело да ве интересира

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Петмина под истрага за разбојништво во фабрика за канабис во Чегране

ВИДЕО: Запленети 1053 стебла канабис, фирма од Гостивар садела без дозвола

Катерина Ѓуровски

Овци во Грција бараа свежа трева по поплавите и изедоа 100 килограми канабис

Во Грција уапсен македонски државјанин со 45 килограми канабис

Катерина Ѓуровски

Купувањето и поседување до 30 грама канабис во Германија би можело да биде ослободено од казни

А1он