Активистите на „5 до 12“ денеска пред Собрание

Од:

Организацијата „5 до 12“ денеска ќе одбележи 2 години од првиот камп, односно 2 години граѓански активизам за унапредување на правата на лицата со посебни потреби.

Во 11:55 часот ќе се одржи прес-конференција пред Собранието, на која симболично ќе се биде порачано дека не се откажуваат и дека ќе продолжат да бидат активни до конечно остварување на нивните барања и права.

„За времетраење на собирот ќе направиме пресек на активностите во изминатите 2 години и ќе извлечеме заклучоци за постигнатите цели. Ќе анализираме, ќе дебатираме и ќе дефинираме следни цели и стратегија за следната година. Ги повикуваме сите родители, сите лица со посебни потреби и сите оние кои до сега официјално не се приклучија кон ‘5 до 12’, да пристапат и да ни се приклучат, затоа што борбата што ја водиме нè засега сите. Нашата мисија и нашата цел нè обединуваат без разлика на пол, боја, вера или религија“, се вели во повикот.

Би можело да ве интересира

„Сајберкултура“ по повод Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби

Ана Ололовска

Пендаровски се сретна со Марко Пејчиновски и Ергин Борова, кои со своите подвизи ја подигаат свеста за лицата со попреченост

Заев: Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост се имплементира со силно темпо, продолжуваме според принципот „ништо за нив – без нив“

Ана Ололовска

Меѓународен ден на лицата со посебни потреби

Ана Ололовска

Иницијативата „5 до 12“ и школата Про баскет јуниор организираат Отворен ден за кошарка во Пештани

Жарко Настоски

Иницијативата „5 до 12“ бара од ЕУ да посредува во унапредување на правата на лицата со посебни потреби

Ана Ололовска