Активисти на „Шарена револуција“ ќе го тужат Груевски, ги нарече уличари

Од:

На социјалнитемрежи се формира група од граѓански активисти, учесници во протестите на „Шарената револуција“. Тие најавуваат дека по вчерашните навреди ќе поднесат тужба против лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Станува збор за повеќе од 1.200 активисти досега кои се дел од Фејсбук групата наречена „Тужители“. Но цело време се најавуваат и нови кои сакаат да се придружат на тужбата.

Тие ќе ангажираат адвокат кој ќе ги застапува, а ќе го тужат Груевски за клевета и навреда.

Тужбата против Груевски следува откако тој ги нарече „уличари“ и „послушници на Заев“ учесниците на протестите што се одржаа против одлуката на Ѓорге Иванов за аболиција на сите политичари.

Би можело да ве интересира

Груевски со нова објава: Обвинувања за дволичност и финансиски интереси кон Заев и Филипче

Горан Наумовски

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

Путин: Некои европски центри на моќ се обидуваат да организираат шарена револуција во Србија

Вреди: Функционери на ДУИ се обидоа по секоја цена да го вратат Никола Груевски на власт и да го ослободат Сашо Мијалков

Мицкоски: Дел од функционерите на поранешната владина коалиција во Будимпешта се среќавале со Груевски