Ако Регулаторна ја одредува цената на водата, ќе се намалат загубите, вели Бисломовски

Од:

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) Марко Бислимоски е оптимист дека може да се подобри состојбата на јавните водоводни претпријатија во државата доколку РКЕ ја определува крајната цена за секоја водна услуга. Тоа, како што вели, ќе ги намали загубите на вода и ќе придонесе за инвестиции во водоводната инфраструктура без притоа драстично да се зголемат сметките за водните услуги.

-РКЕ во соработка со здружението на водоводните претпријатија во државата – АДКОМ работи на доставување на предлог за измени и дополнување на два закона со што ќе се овозможи РКЕ да ја определува крајната цена за секоја водна услуга, потврди денеска претседателот на РКЕ.

Со тоа, додаде, нашата одлука ќе биде задолжителна за водоводните комунални претпријатија.

-На тој начин ќе го поедноставиме целиот процес имајќи во предвид дека сите наши методологии се поттикнувачки и даваат сигнал до претпријатијата без разлика на нивната дејност да ги намалуваат своите трошоци. Веруваме дека на тој начин ќе обезбедиме повеќе инвестиции во водоводната инфраструктура во државата имајќи во предвид дека загубите на вода на државно ниво ни се 64 проценти. Очекуваме дека со овој нов концепт ќе се придонесе за нови инвестиции во оваа инфраструктура која е стара 50, 60 па и 70 години со што ќе се овозможи намалување на загубите и ќе се намали процентот на ненаплатена вода. На тој начин потрошувачите ќе имаат стабилно и сигурно снабдување со вода, но заради намалување на загубите нема да има никакво сериозно зголемувања на цените за водните услуги, рече Бислимоски.

Сега, како што кажа, РКЕ носи одлука за цената на водните услуги со која се определува минимална и максимална цена за секоја услуга која ја даваат водоводните претпријатија, а потоа врз оснава на таа одлука Управниот одбор на претпријатието носи одлука за цена во рамките на минимумот и максимумот која потоа се доставува на одобрување од Советот на општината.

-Очигледно е дека тоа е посложен процес кој има политички влијанија и не секогаш се носат одлуки кои се во интерес на водоводните претпријатија и во интерес на потрошувачите, посочи Бислимоски.

Би можело да ве интересира

Цената на парното останува иста

Катерина Ѓуровски

Нова цена на дизелот

Стартуваме со интеграција на македонскиот кон Европскиот енергетски пазар најавува Бислимоски

МЕПСО може да исклучува фотоволтаици за стабилен систем за 1 Мај

Божиновска и Бислимоски по блек-аутот во Шпанија и Португалија: Преземаме мерки за да се избегне вакво сценарио

Божиновска и Бислимоски ќе учествуваат на Енергетски самит во Атина