А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Ако продолжат верските собири Филипче ќе предложи нивна забрана

by А1он17/03/2020 - 14:5117/03/2020 - 14:53319
Share0

Погребите да се прават во кругот на семејството, да не се посетуваат бањско климатски лекувалишта, домовите за стари лица да го намалат бројот на нови лица за згрижување, граѓаните да не ангажираат мајстори за реновирање, апелираше денеска на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче повторувајќи ја препораката за избегнување места со поголем број луѓе како мерка за превенција од коронавирусот. Ако продолжат верските собири Филипче најави дека ќе и предложи на Владата да најде начин да ги забрани.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Апелите важат за сите. Пораките важат за сите. Никој не смее ниту да помисли да ги прекрши овие пораки. Сериозно ќе биде санкциониран. Сериозни се прекршоците и никој не смее да си дозволи да го загрози јавното здравје. Ја разбирам емотивната состојба кога станува збор за погреб, ама може овој период погребите да се прават во кругот на најтесното семејство. Нека останат тие собирања за понатака. Ако продолжат и верските собирања понатака ќе предложам на Владата да најде начин да се забранат, рече Филипче, одговарајќи на новинарско прашања.

Според него, треба да се избегнуваат и бањско климатските центри, а домовите за стари лица да го редуцираат бројот на новопримени.

– Треба да се избегнуваат сите објекти каде има голема бројка на луѓе Утрово разговарав и со директорката на Домот во Ѓорче Петров дека таму треба да се редуцира бројот на новорпимени затоа што таа е најризична категорија, рече Филипче советувајќи, меѓу останатото, граѓаните да не реновираат дома затоа што тоа подарзбира ангажирање и контакт со мајстори.

Следете a1on на Youtube YouTube

Како што објави на прес-конференцијата, во државава се заболени 26 лица со коронавирус, сите се во стабилна состојба, се чекаат резултати за шест лица, а во групен карантин во касарната во Пепелиште ќе бидат 200 лица наши државјани кои ќе бидат транспортирани денеска организрано во државава.

koronavirus mkd

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски17/09/2024 - 10:5417/09/2024 - 11:02

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски18/08/2024 - 18:2018/08/2024 - 18:27

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Катерина Ѓуровски12/08/2024 - 14:58

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Катерина Ѓуровски04/01/2024 - 10:47

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on08/05/2023 - 14:3308/05/2023 - 14:57

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски23/03/2023 - 12:0023/03/2023 - 12:20
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео