Ако ги исполниме сите барања за програмата, децата ќе треба да бидат по 11 часа во училиште, вели Јаневска

Од:

За предлозите и барањата што стигнуваат во врска со концепцијата за реформи во гимназиското образование се дискутира. Јавната расправа се уште трае иако онлајн расправата е затворена. Планирани се и дополнителни посети и средби, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Наставните програми ќе се менуваат од септември и учениците од септември, рече таа, „ќе имаат нови учебници за средно гимназиско“.

– За концепцијата ќе имаме приближно една година време за да ја стокмиме така како што треба да изгледа и да биде соодветна на програмите од Европска Унија за нашите гимназијалци, кои ќе го продолжуваат школувањето овде, а дел од нив и во странство, да се подготвени на соодветното ниво за понатамошното образование, рече Јаневска, одговарајќи на новинарски прашања по отворањето на клубот „Иноваториум“ во Титан УСЈЕ.

Предлозите што стигнале до Бирото за развој на образованието „се однесувале, генерално, на зголемен број на часови на секој од предметите и дополнување на дополнителни предмети“. Доколку би се зеле предвид тие предлози, учениците би останувале на училиште и до 11 часови.

– Кога Бирото го направи распоредот на часови, според барањата на стручната јавност, здруженијата на наставниците, излезе дека учениците секоја година, од прва до четврта, треба да бидат на училиште најмалку 10 до 11 часа. За да нема забуна – 10 до 11 саати во работниот ден. Тоа не е можно и жал ми е што нема да можеме баш така како што поединечно замислуваат да го остваруваме. Сето тоа ќе треба да се изанализира, искомбинира. Да, нашите деца да бидат подолго на училиште, тоа што Владата како проект го предлага, но тие не може да бидат 11 саати во денот на часови, истакна министерката, додавајќи дека покрај наставни часови тие треба да имаат и воннаставни активности.

Јаневска соопшти дека во моментов во 141 училиште низ државава е воведена едносменска настава – процес што тече паралелно со проектот за оптимизација на училишната мрежа односно малиот број ученици, кои се изолирани во подрачни училишта, да бидат преместени во централните училишта. За таа цел се прават планови за доградба на училници или, во некои општини како Аеродром, Кисела Вода и Чаир, изградба на нови училишни објекти.

Би можело да ве интересира

Јаневска за врсничкото насилство: Aко нема помош од родителите, не може да има успех

А1он

Јаневска најавува: Следува голем скандал што ќе ја изненади јавноста

Горан Наумовски

Јаневска за Филозофски факултет: Сериозно ќе го разгледам извештајот и ќе постапам како што одлучил Инспекторатот

Јаневска: Многу е комплицирана ситуацијата со Филозофскиот факултет

Горан Наумовски

Законот за високо образование утре оди во владина процедура, завршна средба на МОН денеска и со коалицискиот владин партнер Вреди

Јаневска го чека извештајот од Филозофскиот факултет за нерегуларностите при упис на магистерски и докторски студии