Ако човек има проблеми со видот не значи дека нема визија

Од:

Скопскиот хаб на Глобал Шејперс (иницијатива на Светскиот Економски Форум) ги поканува сите граѓани, организации и медиуми да бидат дел од првата трка која има за цел да ја поттикне свеста за потребите на лицата со попреченост во видот. Трката ќе се одржи на 12 Октомври 2014 во 11:00 часот во Градски парк Скопје кај Школка, при што пријавувањето за трката е на лице место.

Трката е во организација на „Пинк Супорт МК“ и има за цел да ја подигне граѓанската свест за вклучување на лицата со пречки во видот во општествениот живот. Организаторите(Пинк Супорт МК) нагласуваат дека трката е со должина од 1 Км, а во неа имаат право да учествуваат сите граѓани без разлика на пол, возраст, етничка припадност, сексуална ориентација или психо/физички пречки.

Скопскиот хаб на Глобал Шејперс одлучи да ја даде својата поддршка на настанот како дел од нивната мисија за поддршка на локални иницијативи. Инспирирани од мислата на светски познатиот Стиви Вондер „Ако човек има проблеми со видот не значи дека нема визија“ и водени од изреката на Марк Твејн „Добрината е јазик кој глувите можат да го чујат, а слепите да го видат“ младите лидери од скопскиот хаб ги повикуваат своите сограѓани и врсници да им се придружат во недела во симболичното заедничко трчање на еден километар.

Ирина Јаневска, Куратор на хабот изјави:

„ Драго ни е што иницијативата потекнува од бизнис ентитет кој покажува дека и во Македонија има простор за соработка меѓу двата сектори, и е искрен напор за повеќе од пишана програма за општествена одговорност на некое големо претпријатие. Всушност, нашиот хаб е спој на млади лидери во Македонија кои доаѓаат од бизнис секторот, граѓанскиот сектор и државните институции. Сеуште сме млади во постоењето, но, инспирирани од светските иницијативи на шејперите ширум светот, планираме со здружени сили и искрена посветеност да придонесеме кон нашата заедница.“

Би можело да ве интересира

Уште една победа на хуманоста и човечноста – собрани средствата за операција на Слободан Попов – Цобе

Ана Ололовска

Двајца кичевци со хуман гест за младо момче со посебни потреби

Ана Ололовска

Исклучително: Месут Озил спаси 219 детски животи!

Апел на МД „Илинден“: Да му помогнеме на Алекс, да бидеме хумани

Ана Ололовска

Хуманитарна иницијатива „Ride4Women“

Ана Ололовска

Хуманоста победи, Сара се врати дома жива и здрава

Ана Ололовска