Ако Арсовска има сознанија за криминал, има обврска тоа да го пријави, велат од ОЈО

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје постапува по доставено известување од СВР Скопје и издаде повеќе наредби по кои веќе се преземаат дејствија, информираат од Обвинителството во врска со тоа дали досега јавен обвинител обезбедил докази од општина Чаир поврзани со наводите на скопската градоначалничка Данела Арсовска.

– Доколку градоначалничката како службено лице има сознанија за кривично дело, таа има обврска тоа да го пријави, да соработува со јавното обвинителство и да посочи кај кои конкретни парцели или згради се откриени сомненија за незаконитости. Тоа е неопходно за да може да постапува обвинителството и да спречи евентуално компромитирање на доказниот материјал, соопштуваат од Обвинителството.

Во однос на заканите, посочуваат од Обвинителството, Министерството за внатрешни работи е орган директно надлежен за заштита на животот на граѓаните, како и за откривање и спречување на тие што го загрозуваат.

-ОЈО Скопје е на располагање преку дежурен јавен обвинител, веднаш без одлагање, доколку сака градоначалничката, да ја сослуша за сите сомненија, сознанија и закани и да ги провери сите околности, наведуваат од обвинителството.

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска го обвинува градоначалникот на Чаир Висар Ганиу за криминал и за легализација на дивоградби, а синоќа во телевизиско интервју рече дека добива и закани по живот.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нов доказ за партизација – власта ја презема контролата врз обвинителството

Арсовска за кривичната пријава против УСЈЕ: Прашајте го Обвинителството зошто три години молчи

Предраг Петровиќ

Советот на јавните обвинители ја назначи Наташа Крстевска Цалева за в.д. шеф на Вишото ЈО Скопје

(ВИДЕО) Арсовска објави видео од британска телевизија : Македонија не смее да стане центар каде се населуваат, живеат и работат мигранти од опасни подрачја како Авганистан

Горан Наумовски

Тројца обвинети за закани и загрозување на сигурноста на градоначалникот на Кавадарци, за еден предложен притвор

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Процентуално од БДП Македонија одвојува повеќе за правосудството и од далеку помоќни земји во Европа, а ефикасност и правда скоро и да нема