Акциски план за ревитализација на Мариово

Од:

Министерството за животна средина наскоро ќе започне со подготовка на акциски план за развој на Мариово. Станува збор за проект најавен пред неколку години, при што општините од регионот, а особено Општина Прилеп, ќе направат план за ревитализација на овој крај.

Се планира издавање туристички водич, за во наредниот период да се развие селскиот туризам во Мариовско, кое располага со огромни природни богатства и здрава животна средина.
Посебен акцент се става и на развојот на манастирскиот туризам, бидејќи Мариово изобилува со огромен број цркви и манастири: 59 цркви и 29 манастири, од кои поголем број се под заштита.

Од локалната самоуправа во Прилеп истакнуваат дека презеле повеќе активности за заживување на овој крај, меѓу кои и подобрување на патната инфраструктура до селата во Мариово. Моментално две села,Бешиште и Полчиште остануваат без патна врска.

Мештаните, пак, истакнуваат дека мариовските села изумираат чекајќи инвеститори за развој на селскиот туризам.

А.Ш.

Би можело да ве интересира

Определен e притвор на шест лица за случајот со Прилепската болница

Побаран притвор за шестмина и мерки претпазливост за 15-тина кои се приведени за случајот со Прилепската болница

Денеска во Прилеп гласаат 298 болни и изнемоштени, 60 штитеници и 119 осуденици во прилепскиот затвор

ВМРО-ДПМНЕ: Продановски e вистинскиот избор за градоначалник во Општина Прилеп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Хаос во Прилеп: Две банди се пресметаа во дворот на болницата

Експресниот пат Прилеп-Градско е затворен за сообраќај