Акциска контрола во угостителски објекти на подрачјето на СВР Скопје, три лица приведени, 11 констатирани прекршоци

Од:

На 23.10.2022 во временскиот период од 00.00 до 4 часот од полициски службеници од СВР Скопје на поширокото подрачје на град Скопје беше спроведена акциска контрола во која беа контролирани 97 угостителски објекти и 37 возила, при што биле констатирани 11 прекршоци, од кои: два од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, седум од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, еден од Законот за лична карта и еден од Законот за возила.

Воедно, на подрачјето на Бит Пазар и Карпош полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода три лица, поради сторени прекршоци од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир и еден прекршок од Законот за лична карта, и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Би можело да ве интересира

Најмалку 120 лица повредени во антивладините протести во Мексико Сити

МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера

Горан Наумовски

Октоберфест е затворен од полицијата

Рио де Жанеиро го враќа законот за добивање бонус за полицајците кои убиваат криминалци

Турската полиција за седум дена уапси 161 терорист

Несреќа во Берлин: Возач му го откина прстот на братот, па предизвика тешка несреќа