Aкција за расчистување на сметот во урбаните заедници Кисела Вода и Расадник

Од:

Општина Кисела Вода спроведе акција за расчистување на сметот во урбаните заедници Кисела Вода и Расадник, информираат од општината.

„Во овие урбани заедници, во рамки на есенската акција за чистење, сезонските работници ангажирани од локалната самоуправа извршија целосно расчистување на отпадоците на тротоарите, улиците и тревните површини, кои се под нејзина надлежност“, се наведува во соопштението од општина Кисела Вода.

Со акцијата, како што наведуваат во соопштението било опфатено и кастрење на гранките на дрвајата, а во исто време се собирал и кабаст отпад.

„Минатата недела активности за средување на училишниот двор се одвиваа и во ООУ „Кузман Шапкарев“, во Драчево. Имено, со овие активности кои исто така ги спорведе општина Кисела Вода беше извршено целосно расчистување на сметот во дворот, беа искосени нараснатите тревни површини, а скастрени беа и гранките на дрвајата и грмушките. Покрај ова, изминатиов викенд, вработените во ЈДГ „Весели Цветови“ заедно со родителите на дечињата кои ја посетуваат оваа градинка, спроведоа еколошка акција за чистење на дворовите во нејзините 6 објекти. Во оваа акција дворната ограда на објектот „Сончоглед“ доби нова боја“, се наведува во соопштението на општината.

Есенската акција за чистење на Кисела Вода, утре и задутре ќе продолжи да се одвива во месните заедници Припор и Усје. Од општината преку своето соопштение испратија и апел до граѓаните да се придржуваат до Законот за јавна чистота, како би придонеле за почиста и поубава Кисела Вода.

Би можело да ве интересира

Почина жена, а малолетник е во Ургентен центар по пад од зграда во Кисела Вода

Жителите на улица Народни Херои на протест – блокада на булеварот Борис Трајковски

Горан Наумовски

Запаленото возило од „Расадник“ е во сопственост на суспендиран полицаец

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пиромани во Кисела Вода: Се палат автомобили на паркинзи, изгоре и расадникот

A1on

ОЈО: 31-годишен маж се обидел да силува жена во Кисела Вода

Горан Наумовски

Поништена одлуката за изградба на 12 габаритни згради во Црниче, информира Ѓорѓиевски

A1on