Акција за расчистување на сметот во Центар

Од:

Заболени и стари дрвја, суви гранки кои се опасност за граѓаните, 2 диви депонии со смет од храна, предмети од домаќинството, облека, беше сликата во делови од централното градско подрачје.

Град Скопје овие 2 дена акцијата за чистење на сметот од целата територија на градот ќе ја реализира на територија на општина Центар.

Вклучени се сите јавни претпријатија и 200 лица ангажирани од градот, како и вработени од општина Центар. Се чисти на 6 пункта, со камиони се чистат депониите на улица “Самоилова“ на Кале и во Крњево, позади Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“.

Се кастрат и отстрануваат оштетените и стари дрвја. По ова чистење, општина Центар ќе го зазеленува просторот, а на местата на заболените дрвја, ќе бидат засадени нови, соопштуваат од општина Центар.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Во центар сигурно победуваме

Починат маж е пронајден во стан во Скопје, истрагата е во тек

Утре во „Матично“ трибина на Либералниот Институт за законски измени за заштита и посигурна иднина на животните

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски