Акција за расчистување на Општина Кисела Вода

Од:

Општина Кисела Вода преку Секторот за месна самоуправа и социјална заштита денес започна со акција за расчистување на дел од својата територија.

Сезонските работници ангажирани од Општината работат на целосно расчистување на игралиштето „Вембли“, а веќе за наредната недела е планирано расчистување на трим патеката во Кисела Вода, во должина од околу два километри.
Се работи за дополнителни активности на локалната самоуправа, покрај редовното есенско расчистување на територијата на општина Кисела Вода во насока на обезбедување на почиста и поздрава животна средина за своите жители.

Дополнително, Општина Кисела Вода во соработка со Градот Скопје и сите градски јавни претпријатија на 30.11.2017 и 01.12.2017 година (четврток и петок) ќе спроведат акција за чистење на дивите депонии во урбаниот дел на општината.

Покрај ова, ќе се врши и кастрење на гранките на дрвјата, а ќе се собираат и паднатите лисја од истите.

Во оваа акција локалната самоуправа ќе ангажира вкупно 60 сезонски работници, а ќе бидат вклучени и референтите на урбаните заедници кои ќе бидат координатори на истата. Воедно, во расчистувањето од страна на Градот Скопје ќе бидат привремено ангажирани и невработени лица, се вели во соопштението на Општина Кисела вода.

Би можело да ве интересира

Тројца мажи се истепале во Кисела Вода

Мајка и син нападнати во Кисела Вода

Водици во Кисела Вода се одбележа во базенот „Расадник“: Крстот го фати Давид Мелоски

А1он

Каевски: Нула резултати на Орце Ѓорѓиевски во Кисела Вода после 2 години локална власт на ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

Нема парно во дел од Кисела Вода, дистрибутивната мрежа губи вода

Орце Костов

Вечерва „Викенд на мртовци“ и „Кајмак“ на „Кино на отворено“ во Кисела Вода