Акција за потписи за лицата со посебни потреби во Кочани

Од:

Граѓаните на Кочани од изутринава го посетуваат пунктот сместен во градскиот парк за да се потпишат и го дадат својот потпис во книгата за подршка на лицата со посебни потреби.

– Одзивот на граѓаните до 13 часот е голем и својот потпис го дадоа 130 граѓани. Сметам дека кочанци се химани луге и во наредните два дена ке го дадат својот потпис за подршка на лицата со посебни потреби, изјави Методи Митев, кој ја минува младоста во инвалидска количка, очекувајки да собере финансиски средства за операција во Кина.

Според Митев, се очекува и кочанчани да го дадат својот потпис со што ќе се соберат потребните 10.000 за да се поднесе иницијатива до Собранието за измени на закони и подзаконски акти со кои на овие лица ќе им се овозможи соодветна здравствена и социјална заштита.

Во наредните два дека граѓаните на Кочани својот потпис на иницијативата за подршка на лицата со посебни потреби ке можат да го дадат и во населбата Стришани и на Градскиот пазар во четврток кога е пазарен ден, од 8 до 13 часот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

Семејствата на загинатите во „Пулс“: Kај нас празниците болат најмногу, ги броиме празните столчиња

Предраг Петровиќ

Поради дефект на 110 киловолтниот долновод делови од Кочани без струја

Полицијата поднесе кривична пријава за директорка од Кочани

Мицкоски: Поддршка за семејствата од Кочани, правдата треба да ја донесе судот