Акција за пошумување на брегот на Дебарско Езеро

Од:

Дебарскиот Центар за одржлив развој на заедницата денеска организираше акција за пошумување на брегот на Дебарско Езеро.

Садници од бор, чемпрес, како и багрем и костен, засадуваа младите дебарчани заедно со новиот градоначалник Ружди Љата, членови на Советот на општината, како и претставници на други инситуции.
Градоначалникот ги поздрави младите за оваа акција што се реализира и вети поддршка за сите конкретни активности кои се во интерес на градот и неговите жители.

– Во рамки на можностите на општината, ветувам максимална поддршка за сите конкретни активности на младите и граѓанскиот сектор. Почнуваме со разеленување, а потоа ќе продолжиме со економскиот развој на овој дел како туристичка зона, изјави Љата, нагласувајќи дека меѓуграничната соработка има големо значење, особено за заштита на животната средина на двете страни на границата .

Акцијата е дел од повеќето активности на проектот што го реализира на Центарот за одржлив развој на заедницата, а е подржан од ЕУ односно ИПА програмата за меѓугранична соработка меѓу Дебар и албанскиот пограничен град Пешкопеја.

Според Гоце Лубиновски, целта на акцијата во која се засадени околу 600 дрвца, е пошумување на брегот на Дебарското Езеро и спречување на ерозијата која се создава.

Би можело да ве интересира

Сечејќи дрво загина жител на скопското село Огњанци

Шумско стопанство од Кичево незаконски продавало огревно дрво

Континуирана достава на огревно дрво од ПЕ Голак Делчево

Ана Ололовска

Обезбедени преку 2,6 милиони садници за утрешниот Ден на дрвото

Емир Латифовиќ

Бесплатен превоз за учесниците во акцијата „Ден на дрвото-засади ја својата иднина“

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Гелевски: Кај овие варвари дрвото е нешто што треба да се уништи

Емир Латифовиќ