Акција за отстранување на диво поставени тезги околу „Зелен пазар“

Од:

Инспекција на општина Центар изминатите денови, по претходна опомена и известување, спроведе акција за отстранување на диво поставените тезги и дивите препродавачи околу „Зелен пазар“.

По опомената, дел од дивите препродавачи продолжија со продажба на индустриски и земјоделски производи на недозволено место, на пристапните патеки и тротоарите околу пазарот. На сите затекнати диви препродавачи се санкционирани согласно законите и правните регулативи.

Оваа акција се спроведува по барање од граѓаните и нивните пријави дека им е отежнато движењето и пристапот до своите влезови. Веќе подолго време во овој дел од Центар постои реална опасност од ширење на заразни болести, која се должи на препродажбата на производи во нехигиенски услови.

Акцијата продолжува сѐ додека не се отстранат сите диви препродавачи и диво поставвени тезги на „Зелен пазар“, но и на целата територија на општината каде ќе се појават истите. Оваа акција е во координација со Агенција за храна и ветеринарство, Државен пазарен инспекторат, Инспекција на Град Скопје и службени лица од МВР.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан