Акција за генерално чистење во општина Кисела Вода

Од:

Во текот на овој и наредниот месец во општина Кисела Вода ќе се спроведе акција за генерално чистење.

Преку Секторот за месна самоуправа и социјална заштита, локалната самоуправа ќе спроведе акции во сите урбани и месни заедници каде ќе бидат ангажирани по околу 25 сезонски работници.

Ќе се собира кабаст отпад, ќе се врши генерално чистење на улиците под надлежност на општина Кисела Вода, ќе се врши кастрење на гранки, а ќе се интервенира и во делот на уредување на урбаната опрема на детските игралишта и парковите на територија на Општината.

Општина Кисела Вода апелира до граѓаните кабастиот отпад да го одложуваат до 11 часот, во точно предвидените термини пред своите домови, колективните згради на пошироките улици на начин што истиот нема да го попречува движењето на пешаците и возилата.

Од Општината потсетуваат дека вон определениот датум и време, не е дозволено одлагање на кабастиот отпад.

Кабаст отпад опфаќа секаков вид на домашен отпад мебел, бела техника, електронски отпад.

Акцијата ќе се одвива во четврток и петок во Црниче, Пржино, во вторник на 11 септември во МЗ Подстаница, на 13 и 14 септември во Драчево, на 20 и 21 септември во 11 Октомври, на 27 и 28 септември во Цветан Димов и Бирарија, на 4 и 5 октомври во Кисела Вода и Расадник, на 9 и 10 октомври во Усје и Припор и на 18 и 19 октомври на Пинтија и Стаклара – Каменик.

Би можело да ве интересира

Жителите на улица Народни Херои на протест – блокада на булеварот Борис Трајковски

Горан Наумовски

Запаленото возило од „Расадник“ е во сопственост на суспендиран полицаец

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пиромани во Кисела Вода: Се палат автомобили на паркинзи, изгоре и расадникот

A1on

ОЈО: 31-годишен маж се обидел да силува жена во Кисела Вода

Горан Наумовски

Поништена одлуката за изградба на 12 габаритни згради во Црниче, информира Ѓорѓиевски

A1on

Тројца мажи се истепале во Кисела Вода