Акција за чистење во комплексот клиники „Мајка Тереза“

Од:

Службата за заеднички и општи работи при клинички центар и Државниот санитарен и здравствен инспекторат денеска организираат заедничка акција за чистење на просторот во комплексот клиники „Мајка Тереза” во Скопје.

Акцијата се спроведува со поддршка од јавните претпријатија на Град Скопје, „Градски паркинг”, „Комунална хигиена”, „Паркови и зеленило” и депонијата „Дрисла”.

Директорката на Заеднички служби, Шкодране Дарлишта информира дека акцијата е почната во 8 часот изутрина и опфатен е просторот меѓу сите клиники, со собирање отпад, миење улици, средување на зеленилото, а се чистат и чекални, ходници и лифтови во клиниките.

Исто така, Државниот санитарен и здравствен инспекторат врши дезинфекција на депоата каде се собира комунален и медицински отпад.

Би можело да ве интересира

Унгарец почина на скопските клиники

66-годишен маж почина на скопските клиники

За онколошки пациенти влезот на новиот паркинг на Клинички ќе биде бесплатен, најскап ќе биде за граѓани кои не се пациенти

Ден по смртта на тригодишно дете: Вонреден инспекциски надзор во болницата во Кавадарци

Родителите на момчето од Кавадарци кое почина на пат кон скопските клиники се сомневаат во можна лекарска грешка

Горан Наумовски

Почина тригодишно дете од Кавадарци