Акција за чистење на сите основни училишта во Центар

Од:

Општина Центар организира голема акција за чистење на сите осум основни училишта во општината. Градоначалникот Горан Герасимовски, рече дека заедно со хигиеничарите и лично ќе учествува во чистењето на училиштето при што ги повика и учениците, наставниците, родителите, екологистите, невладините организации и сите добронамерни и заинтересирани граѓани да се приклучат.

– На сите ни е важно да живееме во еколошки здрава средина, затоа да бидеме пример и покажеме дека чистата околина и здравата животна средина зависат само од нас. Затоа сакаме да направиме заедничка акција за чистење на дворовите во сите осум основни училишта и да обезбедиме почиста средина за учење на децата, а со тоа и да поттикнеме здрави навики кај учениците за одржување на чиста околина, изјави Герасимовски.

Тој рече дека клучот за чиста општина во најголем дел не зависи од степенот на ангажираност на хигиеничарите односно времено ангажираните лица во општината туку од свеста на граѓаните за чиста околина и фрлање ѓубре во кантите за отпадоци.

Акцијата ќе се спроведе во сабота во 10 часот во секое основно училиште во општината.

– Децата учат од нас, затоа да бидеме пример и покажеме дека здравите еколошки навики носат поубава и поздрава средина за живеење за сите нас, рече Герасимовски.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Ја украсивме општина Центар, граѓаните имаат потреба од позитивна атмосфера

Орце Костов

Општина Центар со препорака до угостителските и јавните објекти во следните два дена да ја прилагодат музиката

Казни од 13.000 евра за Интермецо и за Мош за прегласна музика

Катерина Ѓуровски

Целосно се забранува градење надвор од Генералниот Урбанистички план на Водно

Општина Центар: Град Скопје да го реши хаосот со сметот

Герасимовски: Зачестените контроли на градилиштата продолжуваат – инвеститорите да градат според одобренијата