А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Акција за чистење на плажите на Дебарско Езеро

by А1он02/07/2017 - 14:19156
Share0

Околу 1.000 вреќи со пластичен и друг тврд отпад беа собрани во акцијата за чистење на плажите на брегот на Дебарско Езеро. Отпадот е транспортиран до градската депонија.

Добивај вести на вибер

Организатори на акцијата се дебарскиот Центар за одржлив развој на заедницата. Вакви акции, како што информираат координаторите на Центарот Гоце Љубиновски и Шуип Марку се организраат веќе десетта година во соработка со други субјекти, пред официјалниот почеток на летната сезона.

– Дебарското Езеро и неговата околина, дебрани секојдневно ги ползуваат за одмор и рекреација. Голем е бројот и на случајните и намерни патници кои остануваат воодушевени од убавината на овој дел од градот, но за жал има многу нафрлан отпад кој останува на брегот со намалувањето на нивото на езерската вода, отпад кој го носи ветерот, но и несовесните граѓани. Ова е најмалку што можеме да направме за оваа убавина која ретко кој ја има, рече Љубиновски, апелирајќи до граѓаните кои ќе престојуваат на плажите да бидат повнимателни.

Акцијата, додава Марку, е спроведена во соработка со „Slice piza Macedonia“ од Дебар, а во неа активно беа вклучени и членови на Спортското риболовно друштво „Трофта“, граѓанската организација „Долар за Дебар“, како и Јавното комунално претпријатие „Стандард“.

На брегот на езерото во летнот период дневно се релаксираат и до 2.000 капачи и спортски риболовци.

debar

Би можело да ве интересира

Откако мечка се појави на булеварот во Дебар: Не трчајте, побрза е од вас

Предраг Петровиќ26/10/2025 - 18:4027/10/2025 - 09:19

Поради врнежи од снег забрана за тешки товарни возила на патот Дебар – Маврово

Горан Наумовски03/10/2025 - 09:24

Повторно е одложено судското рочиште на кое требаше да биде презентиран извештајот од супервештачењето за случајот со родилката Веапоска

Горан Наумовски09/09/2025 - 15:16

Штипјанец низ Дебар возел со 1,81 промили алкохол во крвта

Горан Наумовски27/07/2025 - 19:29

Маж од Кичево истепал адвокат во судница

Горан Наумовски21/07/2025 - 12:38

Уапсена e жена во Дебарско, предизвика пожар на сува трева

А1он12/07/2025 - 14:0512/07/2025 - 13:50
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен