Акција за чистење на Мавровското езеро

Од:

Стотина ученици, претставници на општинската администрација и вработени во комуналното претпријатие денеска започнаа еколошка акција за чистење на брегот на Мавровското Езеро.

Иницијаторот на акцијата, локалната самоуправа Маврово-Ростуше, информира дека годинава покрај излетничките места околу езерото, ќе се собира комунален отпад и од паркинзите и плоштадите во село Маврово.

–  Акцијата ја организираме по петти пат и е дел од подготовките за манифестацијата „Маврово-тур“ која ќе се одржи идниот викенд. Покрај ова, акцијата има за цел да ја подигне свеста за зачувување на животната средина и однесувањето во национален парк, каде односот кон природата е на повисоко ниво, изјави Мукрем Мехмеди, градоначалник на општина Маврово-Ростуше.

Се очекува да бидат собрани над 500 вреќи со отпад. Еколошката акција ја поддржаа и Националниот парк „Маврово“ и Јавното комунално претпријатие.

Би можело да ве интересира

АУЕ-ФОН со еко-акција „МЛАДИТЕ ЗА ПРИРОДАТА“, за подигнување на свеста за заштита на животната средина

А1он

САД продолжуваат со работата за еколошки и дипломатски решенија за поздрава планета

А1он

Бугарија и Албанија почнаа примена на договорот за еколошка соработка

А1он

Еколошки активисти блокираа четири моста во Лондон

А1он

Анализа на Грин тенк: На Западен Балкан му е потребен Фонд за фер транзиција кон зелена енергија

А1он

Худолин: Зелениот договор треба да биде вклучен во секоја сфера

А1он