Акција за чистење на дивите депонии во општината Бутел

Од:

ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје денеска започна акција за чистење на дивите депонии на територијата на општината Бутел. Почетокот на акцијата се одвиваше кај месноста Љуботенски пат, во близина на трафостаницата, каде што директорот Абдусамед Шабани и градоначалникот на оштината Бутел, Велимир Смилевски, им се обратија на граѓаните со апел совесно и правилно да го одлагаат својот отпад.

„ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје продолжува со активностите посветени на подигнувањето на јавната свест за штетноста од несовесното постапување со отпадот. Се надеваме дека граѓаните ќе ја сфатат важноста на овие пораки и ќе разберат дека заштитата на животната околина во голема мера зависи од нивниот однос кон отпадот. Само на тој начин ќе ја спречиме појавата на црни точки на територијата на градот Скопје, каде што континуирано се создаваат диви депонии и покрај секојдневните интервенции од страна на нашите екипи“, изјави директорот на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, Абдусамед Шабани.

Би можело да ве интересира

Продолжуваат кражбите на бронзени бисти од гробиштата Бутел

(ВИДЕО) Филипче: Во недела изберете луѓе со интегритет, не послушници на Мицкоски

Ливриниќ на средби со жителите на населбата Ферид Бајрам – најавени нови инфраструктурни и комунални инвестиции

Ливриниќ: Ќе изградиме нова зелена оаза и простор за рекреација за сите генерации

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Костовски: Во општина Бутел направивме спортска револуција

Горан Наумовски

Шукова: БРТ системот ќе го подобри транспортот и во Општина Бутел, планираме воведување на две клучни линии

Горан Наумовски