Акција во Тетово: “Собраќајна полиција“ пред секое основно училиште

Од:

Слабото обележување на пешачките премини во училишните зони и паркирањето на тротоар или пешачки премини го попречува движењето на децата и ги насочува децата да се движат кон улицата и коловозот. На тој начин всушност директно се загрозува безбедноста на децата во сообраќајот. Исто така, неправилното паркирање ги прави децата невидливи помеѓу возилата и нивното преминување на улица го прави крајно опасно.

Затоа, неформалната активистичка група “Тивка револуција” спроведе уште една акција, посветена на прашањето- како да се регулира сообраќајот пред училиштата?

Денеска учениците од основните училишта во Тетово, во соработка со “сообраќајната полиција“ учеа да минуваат низ пешачките зони кои се во радиусот на нивното училиште. Импровизираните полицајци, со пораката “Јас сум полицаецот кој се грижи за безбедноста на децата на патот“ се поставени пред сите основни училишта во Тетово.

Акцијата е изработена без никаков директен контакт на членовите на групата, односно е работена етапнo и секвенцијално од страна на различни автори. Акцијата “Собраќајна полиција“ пред секое основно училиште во Тетово е финансиски поддржана од Фондацијата Отворено општество – Македонија.

Би можело да ве интересира

Тело на мртов маж од Тетово е пројдено во семејното возило, полицијата истражува дали е убиство или самоубиство

Горан Наумовски

Поплавени подвозниците во Тетово, атмосферските и фекалните води не се апсорбираат

Катерина Ѓуровски

Тетовчанец и се закануваше на партнерката: „Дај ми пари, или ќе ти го убијам синот“

Млада девојка пронајдена мртва во Тетово, Обвинителството ги проверува околностите

Катерина Ѓуровски

ВЛЕН: Тетово не е пазар за Левица и ДУИ

Двајца полицајци од Тетово помогнале во уништување на докази за двајца уапсени дилери

Горан Наумовски