Акција во Општина Карпош за помалку кражби во возилата

Од:

Денеска, во Општина Карпош стартуваше акцијата на Одделението за превенција при СВР Скопје „Не оставајте вредни предмети во вашиот автомобил“.

На улицата „Манапо“ во Карпош3 пред трговскиот центар Сити Мол, градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски, началничката за Превенција при СВР Скопје Билјана Милевска и командирот на ПС Карпош Роберт Петрушевски ги сопираа возилата и ги едуцираа возачите и посетители на Сити Мол за опасностите од кражби кои што ги демнат и начинот како истите да се пресретнат.

Во текот на денешната акција, градоначалникот Јакимовски и началничката на возачите кои беа сопрени им ги посочуваа опасностите од вакви деликти и им подаруваа самоплепливи флаери со едукативни пораки и „сенки“ за патнички моторни возила (заштиници од сонце).

za pomalku krazbi-karpos (2)

– Целта ни е, како што изјави градоначалникот Јакимовски, на граѓаните од овој дел на Карпош, но и на другите кои доаѓаат тука да им укажеме на кои сѐ опасности се изложени, доколку случајно или намерно остават некој вреден предмет во возилото со кои би ги предизвикале крадците. Во Карпош, посебно во овој трговски центар доаѓаат многу гости од внатрешноста, но и надвор од земјата без да знаат на каква опасност се изложени. Токму преку ваква акција наша должност и обврска е да ги едуцираме и да го превенираме овој вид криминал,рече Јакимовски.

Инаку акцијата, како што спомна началничката Милевска ќе се спроведува на сите места каде што надлежните од Полициската станица Карпош ги детектирале како критични точки, а ќе бидат лепени и флаери по  паркинзите на влезните и излезните рампи во Сити Мол  и на други локации.

Акцијата „Не оставајте вредни предмети во вашиот автомобил“, наменета за намалување на тешките кражби во возилата е дел од Проектот на МВР за превенција од имотни деликти кој е поддржан од ОБСЕ и ќе трае и во иднина.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукровски: Целосна дигитализација на услугите за искоренување на корупцијата и почит кон времето и довербата на секој карпошанец

Вистинскиот избор за Карпош е Сотир Лукровски, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Лукровски: Ќе ја направам општина Карпош најчисто и најуредно место во Скопје

Лукровски: Реконструкција на фасади, модернизација на лифтови и поставување шифрарници во сите станбени згради во Карпош

Димитров: Ќе го вратиме животот во културните центри изградени во социјализмот

(ВИДЕО) Лукровски: Ќе воведам апликација „Мој Карпош“ која ќе биде дигитален сервис за граѓаните за пријавување на проблемите и издавање на потребните документи