Акција „Сите за чиста и зелена Крива Паланка“

Од:

Пролетна еколошка акција „Сите за чиста и зелена Крива Паланка“ ќе се одржи денеска во тој град.

Во рамки на акцијата ќе се исчисти и разубави животната и работната околина, со масовно вклучување на општинската администрација, вработените во институциите и јавните претпријатија, учениците и наставниците од осоновните и средното училиште, вработените од приватниот бизнис сектор, здруженија на граѓани, месни заедници и бројни граѓани на Крива Паланка.

Акцијата ќе опфати собирање на отпадоци од јавните и зелените уредени и неуредени површини, крајпатни површини, паркиралишта, спортски терени, речни корита, дворни површини на колективните згради и институциите, а од страна на ЈП „Комуналец“ ќе се спроведе миење на улици, кроење дрвореди, засадување цвеќиња и садници, чистење на поголеми депонии.

Како што информираа од локалната самоуправа, предвидената еколошка акција има за цел да ја потврди заедничката одговорност во остварување на заложбата за почиста животна средина и поубава и посреќна иднина.

Оттаму упатија апел сите граѓани да се вклучат во оваа голема еколошка акција со чистење пред дворовите, вклучување на некои од локалитетите за чистење, кроење на дрвцата надвиснати над јавните и сообраќајни површини, засадување на цвеќиња во сопствени дворови итн.

Инаку, локалната самоуправа на општина Крива Паланка и јавното претпријатие „Комуналец“ тековно спроведуваат пролетна акција за средување и чистење на градот преку активности за чистење на регулациите на доловите и уредување на одредени јавни и зелени површини.

Би можело да ве интересира

Гори борова шума во кривопаланечко, пожарот се прошири кон Србија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Манасиевски: Градоначалникот тепач од Крива Паланка, пред јавноста глуми жртва, а во суштина се однесува шерифски во општината

Митовски: Пожарите во Крива Паланка се локализирани, но сѐ уште постои опасност од разгорување

ЦУК: „Ер тракторот“ дејствува во Крива Паланка, а хеликоптерот на МВР е упатен кон селото Орман

Се разгорува пожарот над Крива Паланка

Филипче: Сашко Митовски ја доби поддршката за кандидат од СДСМ за втор мандат

Горан Наумовски