Акција против питачите во Охрид, затекнати 58 лица

Од:

На подрачјето на Охрид и околината затекнати се 58 лица како питачат, во акцијата што викендов ја спроеведе Секторот за внатрешни работи-Охрид во соработка со Центарот за социјални грижи.

Во преземената акција на охридската полиција, која е во согласност со одредбите на законот за пријавување на живеалиште и престојувалиште, за откривање на лица со непријавен престој, лица малолетници без надзор и лица кои се оддаваат на питачење, контрола, како што соопшти СВР Охрид, била извршена и кај приватни станоиздавачи каде непријавени се сместуваат лица од други градови и подрачја.

– Активностите на полициските службеници се спроведоа во соработка со Центарот за социјални грижи при што на подрачјето на Охрид и околината беа затекнати 31 полнолетни и 27 малолетни лица од Битола, Прилеп, Штип, Кавадарци, Велес и Ресен кои подолго време во централното градско подрачје, како и на повеќе други локации во Охрид и Струга вршеле питачење, информира СВР Охрид.

Лицата, биле упатени кон нивните места на живеење, а охридската полиција и Центарот за социјални грижи против нив ќе поднесат соодветни пријави.

Акцијата, според соопштението, имаше и превентивен карактер, а целта е елиминирање на можностите за кражби и други казнени дела. Заради целосна безбедност на граѓаните на Охрид и туристите, СВР Охрид и понатаму ќе продолжи со примена на овие, но и на сите други законски овластувања, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Земјотрес во Охрид и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала

Земјотрес во Охрид

Нормализиран е сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум