Акција „Нахрани 10.000“ во Куманово

Од:

Кумановци денеска донираат храна за ранливите категории граѓани во рамки на иницијативата на „Ајде Македонија“ и националната хуманитарна акција „Нахрани 10.000“.

Општинската организација на Црвен крст Куманово и здружението “Инклузива” од Куманово во соработка со граѓанските асоцијации „Ајде Македонија” и „Мрдни со прст“ пoд мотото „Сите сити” заеднички ја организираат хуманитарна акција за помош на ранливите семејства по повод меѓународниот ден за борба против гладта, 16-ти октомври.
– Акцијата започна точно во 10:00 часот и се одвива според планираното. Сите заинтересирани граѓани и претпријатија од Куманово кои сакаат да се вклучат и дадат свој придонес во акцијата можат да донираат до 19:00 часот пред маркетите „Тинекс” и „Елида”. Храната која ќе биде донирана, ќе биде спакувана во пакети и дистрибуирана до најзагорзените социјално ранливи семејства од општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане, изјави секретарот на општинската организација на Црвениот Крст, Бојан Петрушевски.

Националната хуманитарна акција „Нахрани 10.000“ за собирање храна е национална акција за донирање храна на одбрани локации и нејзино дистрибуирање до социјално загрозените граѓани. Целта е на граѓаните да им се даде можност редовно да донираат храна до нашите сограѓани преку собирање еднаш месечно на 10 тони храна која ќе заврши во рацете на 10.000 граѓани.

Би можело да ве интересира

Тројца насилници од Арачиново осомничени за напад врз маж од Куманово

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

30 дена притвор за двајца насилници кои претепаа сопственик на кафеана

Горан Наумовски

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

(ВИДЕО) Левица: Од парк – шума до бетонска џунгла, Советот на Куманово го менува ликот на „Ловечки дом“

Горан Наумовски