Акција на СВР Тетово за поголема безбедност на пешаци, велосипедисти, мотоциклисти

Од:

Во Гостивар денеска беше организирана акција во рамки на новиот превентивен проект на СВР Тетово, „Поголема безбедност на пешаците, велосипедистите, мотоциклистите и лицата што управуват електрични тротинети“.

Граѓаните беа запознавани со законските прописи и измени на Законот на безбедност на сообраќајот на патишта.

На активноста, чиј носител е Отсекот на превенција на СВР Тетово, присутните пешаци, велосипедисти, мотоциклисти и лица што управуваат тротинети, диектно беа информирани за најновите измени на законската регулатива кои се однесуваат на оваа категорија учесници во собраќајот. Покрај тоа, им беа поделени и наменски изработени летоци.

Ваква средба пред 20-тина дена беше организирана и во Тетово. Дел од проектот, исто така, ќе биде и организирање сообраќајни поуки со кои ќе бидат опфатени сторители на прекршоци од овие категории.

Би можело да ве интересира

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он

Пет денови посебен режим на сообраќај во главниот град

А1он

Казнети 285 возачи во Скопје, 107 за брзо возење

Поради генерална проба за Министерскиот совет на ОБСЕ, утре посебен сообраќаен режим во Скопје

Предраг Петровиќ

Снег во Дебарско, прекини во снабдувањето со струја