Акција на МВР за откривање и санкционирање на диви трки, привремено задржани 13 мотоцикли

Од:

Во периодот од 20.00 до 01.00 часот синоќа, од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје беше спроведена акциска контрола на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје со цел откривање и санкционирање на возачите кои организираат и учествуваат во диви трки.

Од страна на полициски службеници во Полоциска станица Кисела Вода и Карпош привремно се задржани 13 мотоцикли, поради сомнение на вградување на одделни системи, составни делови, самостојни технички единици и опрема што се разликува од основно вградените-издувни системи по член 53 од Законот за возила и тие ќе бидат упатени на вонреден технички преглед. Привремено задржани се по четири моторцикли “Кавасаки” и “Хонда”, по две “Сузуки” и “Јамаха” и еден моторцикал “КТМ”.

По однос на останати прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила кон возачи, преземени се вкупно 25 мерки за сторени сообраќајни прекршоци.

Би можело да ве интересира

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ