Акција како израз на незадоволство од работата на Центарот за социјални работи во Шуто Оризари во Шуто Оризари“

Од:

Ограничениот пристап до социјални услуги на граѓаните, како и неажурноста на службите во ЈУМ Центар за социјална работа во Шуто Оризари (ЦСР во Шуто Оризари) го отежнува остварувањето на нивните правата. Детектирани се низа неправилности и несоодветен однос од страна на вработените кон социјално загрозените семејства и лица, поради кои тие се чувствуваат дискриминирани и понижени, велат претставниците на неколку граѓански здруженија.

Тие незадоволството одработата на Центаротденеска го искажаа со акција насловена „Лавиринтот во Центарот за социјална работа во Шуто Оризари“ што се одржа пред Сомен кужата на мајка Тереза во Скопје. Акцијата, велат, е израз на незадоволството на ромската заедница поради нефункционалноста на Центарот за социјални работи во Шуто Оризари и порака до надлежното Министерство за труд и социјална политика дека ЦСР во Шуто Оризари е нефункционален и потребни се сериозни реформи за негово соодветно функционирање.

-Уличниот перформанс симболично замислен како лавиринт е заснован на секојдневните случувања, лични искуства, животни приказни и вистинити изјави од барателите на социјални услуги во ЦСР во Шуто Оризари и е последица на невозможноста во институционалниот лавиринт да се остварат социјални права кои Уставот ги гарантира, а законот овозможува пристап и остварување на истите, посочуваат од овие гражански здруженија.

Најчестите проблеми со кои се соочуваат гражаните, потенцираат, се доставување или недоставување на решенија и одлуки вон законскиот рок за поднесените барања, и неиздавање на архивски броеви за одделните предмети го оневозможуваат правото на жалба во законски рок на барателите, фактот тоа што социјалните работници во Центарот за социјални работи во Шуто Оризари, субјективно, без да излезат на терен ја оценуваат фактичката состојба на ромските домаќинствата со што го оневозможуваат остварувањето на социјалните права;, и и некоординираниот пристап, недоволна екипираност и немање капацитет и стручност на службите на ЈУМ ЦСР-Шуто Оризари.

Гражаните сметаат дека нема можност да се воспостави нормална и редовна комуникација меѓу вработените во институцијата и барателите на социјална помош, нои оти има лоши просторни услови во кои работат вработените.

Акцијата е дел од обуката за креативен активизам на ромски организации која ја спроведува Фондацијата Отворено општество – Македонија. На обуката и во креирањето на креирањето и спроведувањето на акцијата учествуваат претставници на Романо Чачипе, Скопје; ИРИЗ, Скопје; Национален ромски центар Куманово и Станица П.Е.Т. Прилеп.

Би можело да ве интересира

Во куќа во Шуто Оризари пронајден е починат 43-годишен маж

СДСМ: Градоначалникот на Шуто Оризари сака да ја задолжи општината со осум милиони евра

Меѓународниот ден на Ромите, 8 април неработен за припадниците на ромската заедница

Ана Ололовска

Пресуда на европскиот суд против Македонија за сегрегација на ученици Роми

Ана Ололовска

„Вторник само за Роми“ – Базен во Шуто Оризари со натпис дискриминирал врз основа на етничка припадност и боја на кожа

Орце Костов

Приоритети на Стратегијата за Роми 2022–2030 се долгорочното унапредување на социјалната кохезија и економскиот статус на Ромите

А1он