ВИДЕО: „Ајвар и гулаш“ е случајот „Рекет“ за пратениците

Од:

Собраниската расправа за новите предлози за министри премина во меѓупартиски обвинувања за случајот „Рекет“. Од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека власта е замешана, а од СДСМ побараа темелна истрага.

„Мене Рекет ми личи на маџарски гулаш подготвен во белата палата. Дајте шанса на Обвинителството да ја заврши истрагата. Направивме се за да добиеме датум за ЕУ, а тоа на ВМРО-ДПМНЕ им е најмногу криво“, рече Мисовски од НСДП.

Никола Мицевски пак возврати дека нему повеќе му личи на ајвар, алудирајќи на замешаност на функционери од власта.

„Ова мене ми личи на ајвар мамас, повеќе супстанци измешани и кога ќе се праша кој учествувал во правењето не може да се види што има внатре, па експерти од Италија требаше да се вмешаат да видиме кој е замешан“, кажа Мицевски.

Расправата продолжи со остри меѓусебни дофрлувања од место, свиркања и извикувања.

„Огромна е разочараноста и кај мене како и кај граѓаните, Јанева мислеше дека ќе профитира од функцијата и затоа сега е во притвор“, рече Ивана Туфегџиќ, која продолжи со критики за скандалите на ВМРО-ДПМНЕ, за прислушувањето на амбасадорите и загрозување на безбедноста на новинарите.

„Излитена реторика е кога вие зборите нема правда нема мир“, и возврати Мицевски и посочи на неразрешениот скандал со прислушуваните обвинители.

Дискусијата за изборот на новите министри се очекува да трае до крајот на денот, а следна точка на дневен ред е изборот на замениците министри и вицегувернерот.

Би можело да ве интересира

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма