AЈДЕ: Да ја одбраниме државата од криминалците во власта!

Од:

Во понеделник, 29.02.2016 година, во 12.00 часот, продолжуваат протестите пред зградата на Уставниот суд.

АЈДЕ ги повикува сите граѓани и граѓанки на Република Македонија масовно да учествуваат на протестот.

Еве што стои во повикот на АЈДЕ:

Ајде, во понеделник, уште еднаш јасно и громогласно да порачаме дека ние граѓаните на оваа држава нема да престанеме да протестираме се додека судиите кои ја донесоа одлуката за помилување на изборните измами и други тешки криминали не си поднесат оставка.

Ние граѓаните имаме должност да го одбраниме Уставот од (Не)Уставиниот суд!
Ние граѓаните имаме обврска да ја одбраниме државата од криминалците во власта!
Во Македонија мора да се вратат правдата, почитувањето на законите и пред сѐ, почитувањето на Уставот!

На судиите кои се грижат единствено за спасување на своите наредбодавци, решително и непоколебливо ќе им порачаме дека тие се одговорни пред сите нас – граѓаните на оваа држава и дека не можат и не смеат да го газат Уставот секогаш кога тоа ѝ одговара на партијата или секогаш кога ќе треба да се спасуваат криминалците во власта.

Затоа, ајде сите да се собереме пред Уставниот суд, точно на пладне на 29 февруари 2016.
НЕМА ПРАВДА –НЕМА МИР!

Би можело да ве интересира

Едукација, хуманост и забава на едно место: Вечерва прво издание на „Ајде фестивалот“ чиј покровител е Хајделберг факултет

АЈДЕ: Уставот е мртов! Борбата продолжува!

Емир Латифовиќ

ВИДЕО: Устав без држава не бидува

Емир Латифовиќ

ВИДЕО: Напнато пред Уставен суд, полицијата ја стопира колоната со демонстранти

Емир Латифовиќ

ВИДЕО: Огромна колона тргна кон Собранието и Уставен суд

Емир Латифовиќ

ВИДЕО: Почна собирањето пред Влада

Емир Латифовиќ