Ајцев: Кога ќе застанете зад параванот, Вие во тој момент сте посилни од сите

Од:

Кандидатот за градоначалник за општина Дојран од опозициската коалиција „Сојуз за иднината“, д-р Никола Ајцев, упати реакција по повод нерегуларностите во водењето на предизборната кампања од страна на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ од истата општина- Борче Стамов, во која се забележани делења пакати од страна на луѓето од штабот на Стамов, закани, уцени и притисоци кон гласачкото тело во општината.

Граѓаните на општина Дојран реагираат на ваквите закани, а  дел од нив лично го известиле Ајцев за случувањата. Најбројни  се реакциите за заканите дека носителите на изборни активности од штабот на ВМРО-ДПМНЕ и, конкретно, противкандидатот Стамов, знаат кој за кого ќе гласа.

„Од моја страна можам само да ви кажам дека вашиот глас вреди многу повеќе од еден пакет. Тоа го знаат и тие и токму поради тоа во наредните денови е можно да ви нудат и пари“, се советите што Ајцев ги посочува на гласачкото тело.

„Ние знаеме дека ситуацијата во државата е тешка и дека на секој му треба денар повеќе, но сепак, образот и достоинството немаат цена“.

„Тврдењето дека тие знаат кој за кого ќе гласа е чиста лага! Кога ќе застанете зад параванот, вие во тој момент сте посилни од сите и само вие знаете за кого го давате својот глас. Вашиот глас нека биде даден за оној кандидат за кој вие самостојно ќе одлучите“, гласи пораката на кандидатот на СДСМ и опозицискиот „Сојуз за иднината“ , Никола  Ајцев, до жителите со право на глас во општина Дојран.

Би можело да ве интересира

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618

ДИК почна да ги објавува првичните резултати од гласањето: Радически има 891 глас, Усеини 438, Радески 226