АХВ: На македонскиот пазар го нема бисквитот со вкус на павлака на „Das gesunde PLUS“

Од:

До денес Македонија нема добиено известување преку Системот за брзо предупредување на Европската унија дека на македонскиот пазар е пласиран небезбеден производ – „Das gesunde PLUS“, бисквит плочка со вкус на слатка павлака.

Станува збор за производ кој е повлечен од пазарите на Германија, Австрија, Франција и Хрватска и за кој на 4 март е објавена нотификација по поднесена поплака на потрошувач, кој нашол пластични делови од четка во производот.

– Агенцијата за храна и ветеринарство доколку добие нотификација преку овој безбедносен систем (РАССФ), со соодветни податоци за серијата/лотот на производство за овој небезбеден производ, ќе постапи согласно протоколите и ќе го повлече од македонскиот пазар, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Дваесет и една препорака на ИЈЗ за претстојните празници во врска со прејадување, алкохол и користење пиротехника

АХВ уништи над 624 кг. небезбедна храна, изречени се казни од над 33.000 евра

Минималната синдикална кошница за месец септември изнесува 65.077 денари

Израел: Во Појасот Газа нема глад, ова е лажна кампања промовирана од Хамас

(ВИДЕО) Денеска најмалку 25 лица загинаа во Газа чекајќи храна

Најмалку 57 луѓе починаа во Газа од неухранетост