А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

АХВ: Максимално да се почитуваат препораките на СЗО за коронавирусот

by А1он26/02/2020 - 15:41482
Share0

Максимално да се почитуваат препораките од Светската здравствена организација (СЗО) за спречување појава и ширење на коронавирусот во земјава, апелира попладнево Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

Добивај вести на вибер

АХВ соопшти дека во координација со Ветеринарната комора ги информира ветеринарните друштва за максимално почитување, но и информирање на граѓаните за препораките за заштита од можна појава и пренесување на коронавирусот преку животните и храната од животинско потекло со оглед дека станува збор за зооноза, болест која може да се пренесе и преку контакт со животни и производи од животинско потекло.

– СЗО апелира да се избегнува незаштитен контакт со домашни или диви животни, храната од животинско потекло темелно термички да се обработи при подготовката, да се користат различни садови и ножеви при подготовка и сечкање на сирова и зготвена храна, рацете да се мијат после секој контакт со различните видови храна (сирова или зготвена). При работа со животни да се носат заштитни ракавици и маски, а работната облека секојдневно да се преслекува и пере. Задолжително да се мијат рацете при контакт со животни и храна од животинско потекло, а треба и да избегнува и конаткт со болни животни, расипано месо, отпадоци и отпадни материи. Личната хигиена и миењето на рацете, избегнувањето контакт со лица кои имаат симптиоми на настинка или вирус исто така се дел од примарните препораки на СЗО за спречување на појава и ширење на корона вирусот, потсетува Агенција за храна и ветеринарство.

koronavirus

Би можело да ве интересира

Влада: Решенијата за изолација ќе бидат испорачани до граѓаните преку веб платформа со целосна заштита на личните податоци

А1он02/02/2022 - 18:45

Нови препораки за патување во земјите од ЕУ во текот на пандемијата

А1он25/01/2022 - 16:30

Шахпаска – Донев: Економските мерки за справување со последиците од Ковид 19 дадоа позитивни резултати и во двете земји

А1он01/12/2021 - 17:08

Кунгуловски: Омикрон-сојот може да се открие со ПЦР, сѐ уште не е детектиран кај нас

Маја Илиевска-Пачемска01/12/2021 - 13:2501/12/2021 - 20:49

Грчката апликација за проверка на Ковид документите не ги препознава сертификатите на трети земји, но тие се валидни и признати во Грција

Ана Ололовска08/11/2021 - 13:4608/11/2021 - 14:48

САД фрлаат милиони дози вакцини во услови на глобален недостиг

Ана Ололовска17/10/2021 - 10:53
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен