АХВ: Континуирано се контролира храната за мигрантите

Од:

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) вршат континуирани контроли на безбедноста на храната која како хуманитарна помош им се дели на мигрантите кои транзитираат низ Република Македонија, независно дали станува збор за храна од домашно производство или од увоз.

Како што соопшти АХВ, нема застој во дистибуцијата на хуманитарната помош во храна која доаѓа од увоз,  за која  како и за секоја друга пратка се вршат контроли од аспект на исполнување на општите и посебните критериуми за безбедност на храната. За хуманитарната помош во храна не се плаќаат административни и други такси кои се однесуваат на комерцијалниот увоз на храна.

Агенцијата за храна и ветеринарство е во постојана, секојдневна комуникација и координација со Центарот за управување со кризи и ресорните министерства за здравство, за внатрешни и надворешни работи, со Царинската управа и другите надлежни институции, како и со невладините организации вклучени во давање помош и делење на хуманитарна помош во храна за мигрантите. Тие, со одобрение на АХВ, имаат регистрирано собирен центар за хуманитарна помош во храна, каде, под надзор и со контрола од овластен инспектор се врши собирање, селектирање и дистрибуција на хуманитарната помош.

– Само овластени лица од овие невладини организации имаат пристап до собирниот центар,  и истите од страна на инспекциските служби, се едуцирани за тоа какви производи да собираат и на кој начин да ги дистрибуираат до мигрантите, од аспект на исполнување на безбедносните критериуми за храната, нагласува Агенцијата.

Хуманитарната помош во храна по извршената инспекциска контрола се дистрибуира до прифатните центри каде што се сместени мигрантите.

Би можело да ве интересира

АХВ уништи над 624 кг. небезбедна храна, изречени се казни од над 33.000 евра

Седум големи магацини во САД ќе се таканаречени центри за подготовка за депортација на 80.000 мигранти

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Резолуцијата за мигранти е противуставна, забрана на говор како во Третиот Рајх

Стојаноски: Лицемерието на СДС излезе на виделина, ја напуштија собраниската седница кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ поднесоа „Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата“ за мигрантите

Кузеска: Контра Резолуцијата е признание на ДПМНЕ-ЗНАМ дека постои договор мигранти за пари