АХВ ќе преземе мерки за случајот со измачуваното животно во Ѓорче Петров

Од:

Агенцијата за храна и ветеринарство по поднесена претставка од страна на Здружението за заштита на животните Анима Мунди во врска со мачење на животни од видот коњи на 29. август, веднаш излезе на терен со цел констатирање на фактичката состојба.

Како што се наведува во соопштението од АХВ, согласно наводите во претставката се работи за жител од населбата Ѓорче Петров кој спрема своето животно постапувал спротивно на одредбите на Законот за заштита и благосостојба на животните.

– Официјалните ветеринари од Агенцијата за храна и ветеринарство најпрво се обратија до полициските службеници од полициската станица Ѓорче Петров каде беа информирани дека и тие имаат пријава за таков случај и дека веќе водат постапка согласно нивните надлежности. Увидот беше извршен на 29 август, во дворот на училиштето, и во непосредната околина, каде не беа забележани коњи, а на адресата на пријавениот, посочена од полицијата, не беше присутен сопственикот поради што неможеше да се направи увид, се наведува во соопштението.

Од Агенцијата за храна и ветеринарство посочуваат дека го очекуваат извештајот на СВР Скопје за конкретниот случај, а исто така е побаран и извештај од докторот по ветеринарна медицина, кој му дал прва помош на животното, а кој ќе помогне во утрдувањето на тоа дали животното починало како последица на нехумано однесување на сопственикот или од друга причина.

– По утврдување на фактите, доколку Агенцијата за храна и ветеринарство констатира дека пријавеното лице направило прекршок и постапило спротивно на одредбите на Законот за благосостојба на животните, сторителот ќе биде соодветно казнет согласно прекршочните одредби на истоимениот закон, стои во соопштението

Би можело да ве интересира

Уништени 50 килограми небезбедна храна во Крива Паланка

Регистриран нов случај на птичји грип кај угината гуска во скопско Злокуќани

Вонредни контроли на скопски „бувљак“, уништени околу 100 килограми небезбедни чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви,…

Во бомбици послужени во „Ѓорѓија Пулевски“ пронајдени бактерии

АХВ: Водата во Струмица не е за пиење, има манган и колиформни бактерии

Горан Наумовски

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски