Ахмети за тепачката на Нефи Усеини: Не може политичките партии да ја преземат улогата на обвинител или полицаец

Од:

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети посочи дека инцидентите во кои е поврзан нивниот партиски кадар, Нефи Усеини, не може да ги решава партијата, туку обвинителството и полицијата. Во однос на кадровското реформирање, Ахмети посочи дека скоро сите носители на функции во ДУИ се нови.

„98 отсто од сите носители на функции во ДУИ се нови, согласно последните избори. Во сите ограноци, во сите подограноци. Од целата пратеничка група, само двајца се од стариот состав, јас и Џафери. Сите други се нови пратеници. Такви прашања треба да се адресираат во полицијата и Обвинителството. Не може политичките партии да ја преземат улогата на обвинител или полицаец. Не можам да се прогласам ниту како судија, обвинител, истражител“, рече Ахмети запрашан дали кадровски ќе ја реформира ДУИ од кадри како Нефи Усеини.

Инаку, советникот во Општина Охрид, Нефи Усеини, нападнал негов сограѓанин, Спире Топалоски пред охридски хотел. Топалоски за „А1он“ вели дека случајот ќе го тера до крај, бидејќи меѓу другото, Усеини замавнувал со пишол пред неговиото 14-годишено дете, кое според кажувањата, било сведок на инцидентот.

Ова не е прв инцидент во кој учествувал советникот Нефи Усеини. Усеини во април минатата година спречи инспектор да изврши увид на дивоизградената тераса кај Чинарот, а притоа и му се заканувал. Обвинителството отвори предмети два месеца потоа, односно неколку дена пред Усеини да го натепа советникот во Општина Охрид, Џемал Мена, среде седница.

Охридскиот советник е ослободен од еден случај, за физичкиот напад на професорот Илјаз Илјази кој беше натепан пред неговото престојувалиште во Охрид. Обвинителството кажа дека не знае за настанот, односно не добило пријава од СВР Охрид.

Инаку, Усеини е истакнат член на ДУИ и до претседателските избори, прв човек на огранокот во Охрид.

Би можело да ве интересира

Поднесено обвинение за Нефи Усеини за дивоградба во центарот на Охрид

Левица од Охрид: Тука Нефи го рушеше АСНОМ додека Пецаков молчи

A1on

Лазаревска: СДСМ бара одговорност за отстранувањето на спомен плочата од НОБ во Охрид, Пецаков да не молчи

Левица: Нефи поддржан од Пецаков ја отстрани спомен плочата на НОБ во Охрид

Бизнисменот Нефи Усеини, кој тепаше и градеше дивоградби, поднесе оставка од советничката функција во Охрид

Кристијан Ландов

Наместо затвор, Нефи Усеини доби казна под минимумот: парична глоба ќе треба да го натера да не тепа советници во иднина

Кристијан Ландов