Ахмети: Владеењето на правото, ветингот и економијата во фокусот на следниот мандат на ДУИ

Од:

ДУИ во новиот мандат ќе се ангажира за владеење на правото, ќе се залага за ветинг на институциите, почнувајќи од обвинителството, судството, општините. Секако еден од главните приоритети е и економијата за да обезбедиме подобри услови за работа за сите претприемачи што се заинтересирани да инвестираат. Ние првично обезбедуваме безбедност за нивниот капитал, истовремено и подобрување на бирократијата што се донесува се со цел тие полесно да водат бизнис во нашата држава, изјави лидерот на ДУИ Али Ахмети при посетата на индустриската зона во Визбегово.

Тој одговарајќи на новинарско прашање вели дека не стравува од евентуална коалиција на БЕСА и Алијансата за Албанците.

– Истото прашање секоја година ми го поставувате. Немам никаква параноја што се однесува до нивната коалиција, рече Ахмети.

Во врска со тоа дали на овие избори ќе се почитува принципот победник со победник за формирање на Влада тој вели дека неколкупати зборувал за тоа во 2016 година, кога ситуацијата била специфична.

– Неколку пати сум го објаснил тоа. Не сакам да се повтори 2016 година, специфична ситуација, вонредна ситуација во тој момент на државата. Не би сакал никогаш да се повтори таа ситуација. ДУИ на овие избори ќе оди самостојно со своја политичка програма, рече Ахмети.

Прашан дали на кандидатските листи за претстојните избори ќе се најдат веќе искусни пратеници, Ахмети вели дека ќе се направат истражувања и анализи во рамки на партијата и оти ќе предложат кандидати кои ќе бидат прифатливи за нивните гласачи, но и за сите граѓани.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Поскапува меѓуградскиот транспорт, директно се погодени студентите и граѓаните

ВЛЕН: ДУИ да каже дали го негира Гзим Острени?

Горан Наумовски

Реџепи: Како ќе се поврзе Скопје со Блаце ако Качанички пат остане тесен и блокиран?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) СДСМ и ДУИ ја прозваа Владата за величањето на Младиќ: „Обвинителството да постапи“, ВЛЕН е соодговорен

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) ДУИ: Не еден, туку вкупно пет тендери за братучедот на директорот на ВРЕДИ во „Бардовци“

ДУИ: Тендер од 42 илјади евра кај братучедот на директорот на „Бардовци“