Ахмети: Вакцинирајте се, вирусот е подмолен

Од:

Лидерот на ДУИ Али Ахмети, преку објава на „Фејсбук“ упати апел до сите граѓани да се вакцинираат и изрази сочувство до семејствата на починатите од коронавирус.

Ахмети напиша дека тој и неговото семејство се вакцинирани од мај оваа година.

„Почитувани, јас, заедно со моето семејство, сме вакцинирани од мај, како еден единствен начин за справување со смртоносниот вирус Ковид-19. Во текот на оваа година и половина, многумина од нас ги загубија своите сакани. Секојдневно добиваме кобни вести од најблискиот круг, синоќа починаа братот на мојот пријател Бекир Асани заедно со неговата 33-годишна ќерка и братот на мојот пријател Невзат Бејта исто така“, напиша Ахмети.

Тој изрази сочувство до сите членови на семејствата кои ги загубија животите од овој, како што вели, подмолен вирус и апелира за масовна вакцинација и почитување на мерките.

„Ве молам за грижа и висока граѓанска одговорност, семејна и индивидуална свест, затоа вакцинирајте се и не двоумете се“, напиша Ахмети.

Би можело да ве интересира

Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него

Орце Костов

Ахмети, кревај рачна со време, зад Мицкоски се бранителите од 2001 кои ве поразија во Арачиново – порача Ангелов

Ахмети: Коалицијата со Бошњачкиот демократски сојуз не прави убедливо победници

Ковачевски и Ахмети до крајот на неделава ќе се договорат, дали одат во коалиција или самостојно на избори

Џафери: Ахмети може да ја има која функција сака, но не е заинтересиран за претседател

Анита Петровска Рајковиќ

Заев, Ковачевски и Ахмети на иста маса-СДСМ го зајакнува Европскиот фронт

Предраг Петровиќ