Ахмети се сретна со албанскиот амбасадор Река

Од:

Претседателот на Демократската унија за интеграција,  Али Ахмети, во седиштето на ДУИ во Тетово оствари работна средба со амбасадорот на Албанија во северна Македонија, Фатос Река, информираат од партијата.

„Амбасадорот Река ги пренел честитките на премиерот на Република Албанија, г.  Еди Рама, упатени до претседателот Ахмети за победата на предвремените парламентарни избори на 15 јули.

Г-дин Ахмети изрази почит кон премиерот Рама и му се заблагодари на амбасадорот Река за коректниот однос на албанските институции и албанските партии.

Соговорниците го оценија изборниот процес како примерен и целосно регуларен, како што и прилега на земја членка на НАТО и во преговори за членство во Европската унија.

Г-дин Ахмети го информираше амбасадорот Река за напредокот на пост-изборните случувања, потенцирајќи ја потребата за брзо консолидирање на институциите што произлегоа од изборите и почитување на гласовите и волјата на граѓаните.

Демократската унија за интеграција има за цел да ги исполни своите изборни ветувања, вклучително и максимална посветеност кон преговорите со Европската унија, вклучително и економското закрепнување, бескомпромисна борба за владеење на правото и неселективна правда, зашѕита ма јавното здравје, но и реализација на сите точки од изборната
програма.

Г-дин Ахмети повтори дека нема враќање назад од црвените линии, охридскиот, преспанскиот и добрососедскиот договор, но и нашите изборни ветувања.

Г-дин Ахмети им се заблагодари на албанските власти за нивната поддршка и регионалното партнерство.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Ахмети продолжува да биде фактор за нестабилност и тоа мене ме загрижува

Горан Наумовски

Касами: Писмата кои Ахмети ги праќа до премиерот и до странски политичари не се во интерес на граѓаните

Горан Наумовски

Ахмети му пишал на Мицкоски: Последните одлуки на Уставниот суд предизвикаа загриженост кај сите граѓани

Таравари: Села и Ахмети треба да се самокритични и да се навикнат дека се во опозиција

ДУИ одржува Генерален совет, Ахмети повторно вели дека не се почитува легитимитетот на гласачите Албанци

Ахмети – Пападопулу: Потребно е целосно почитување и спроведување на Преспанскиот договор од двете страни

Горан Наумовски